Остатоците од последниот оброк биле пронајдени во стомакот на бурмански питон, а од пронајдените копита било заклучено дека се работи за елен.

Змијата долга 5,5 метри и речиси сто килограми ја фатиле уште во декември минатата година во Еверглејдс, но ја чувале во замрзнувач до април. Потоа објавија фотографии и детали од најголемиот улов со кој се бореле 20 минути.

– Отстранувањето на женските питони од областа на југот на Флорида е клучно за нарушување на циклусот на размножување на овие предатори кои предизвикуваат хаос во екосистемот Еверглејдс и ги одземаат изворите на храна од другите автохтони врсти, вели Јан Бартошек, биолог.

Бурманскиот питон е најголемиот питон и е една од шесте најголеми змии во светот со просечна големина од 5,5 метри. Најголемиот примерок досега е од Илиноис, фатен е во 2005 година и тежел 183 килограми и бил долг 8,2 метри.

📸

📸

📸

📸

📸

📸