Француска полицајка која му стави лисици на озлогласениот криминалец во земјата го полуде Твитер бидејќи нејзиното тело наликува на Ким Кардашијан, посебно нејзиниот задник, а некои ја молат да ги … уапси наместо него. Досега виралното видео на полицајката има скоро 2 милиони прегледи на Твитер.

Таа се појави во тековниот судски случај со мултимилионерскиот стоматолог Лајонел Гуенди, кој беше уапсен и затворен откако осакатил стотици пациенти под превезот дека им дава „насмевки на познатите“. Поточно, полицајката е видена на медиумските фотографии и видеа како го придружува 42-годишниот измамник и неговиот татко до судот во Марсеј.

И додека измамникот Гуенди беше во фокусот на приказната, вниманието на интернетот го привлекоа бујните атрибути на непознатата полицајка

„Ве молам некој да ми го даде името на оваа девојка, треба да бидам уапсен“, напиша некој на Твитер заедно со фотографија од полицајката.

Некои се прашуваа дали е лажна или фотошопирана – се додека „научниците“ на социјалните мрежи не го забележаа споменатото видео од апсењето.

„Сметав дека ова е фотошопирано. Но не! Видете на крајот од видеото“, извика „детективот“ на Твитер заедно со видео доказите.

Сепак, на големо разочарување на социјалните мрежи, полицајката допрва треба да биде идентификувана.

„Дали некој ја познава? прашал еден корисник на Редит, на што друг одговорил: „Сè уште барам“.

Во меѓувреме, Гуенди беше осуден на осум години затвор за насилно преземање здрави пациенти од сиромашните области на Марсеј, објави Гардијан. Поточно, тој се обидуваше да го максимизира својот профит со тоа што ги принудуваше да се подложат на непотребни и често штетни процедури, а потоа да ги наплати исплатите за социјално осигурување.

Помеѓу 2006 и 2012 година, стоматологот наводно извршил 3.900 интервенции на 327 пациенти на кои тоа не им било потребно, предизвикувајќи многу сериозни повреди од кои некои никогаш не закрепнале.

Извртениот медицински метод на Гуенди го направи исклучително богат. Во 2010 година стана најплатен стоматолог во Франција, заработувајќи 2,9 милиони евра.