Во Ливерпул попладнево 60 годишна жена била убиена од кучиња. Според извештаите, жената не била нападната на улица туку „внатре во имотот“, а за тоа биле известени нејзините роднини, пренесува „Мирор“.
Според детективскиот инспектор Гевин Мулкахи, шокот што овој настан ќе го предизвика во локалната заедница е разбирлив. Тој побара од соседството да контактираат со полицијата, која ќе продолжи со увид на местото на настанот, доколку има дополнителни информации.
Останува непознато дали жената била убиена од нејзините кучиња и од која раса биле тие.
Повеќе од 200 сопственици на кучиња се под истрага во Мерсисајд, Ливерпул, за напади од нивните миленици во последните 5 години, пишува „Liverpool Echo“.
Според Министерството за правда, бројките покажуваат дека минатата година 43 лица од Мерсисајд биле кривично гонети затоа што им дозволиле на нивните кучиња опасно да излезат од контрола на јавно место и за нанесување повреда на друго лице.
Од тој број, 38 резултираа со осудителна и само една затворска казна.
Десет сопственици на кучиња добија општокорисна работа, 18 прекршочни пријави, а 3 сопственици добија налози за обесштетување.
Be the first to write a comment.