Повеќето луѓе сакаат да се фотографираат на одмор. Тие се чувари на спомените и сеќавањата на убавите моменти кои ги поминавме „на брегот на синото море“, опуштено, далеку од секојдневните обврски.
Марта од Србија, која летните денови ги поминува на брегот на сончевата Грција, посакала да има таков спомен. Имала само едно барање – синот да ја фотографира, но да не ѝ се гледа стомакот.
– А тој послушен, „љуби га мајка“ – сподели Марта коментар со фотографијата.
– Речено – сторено.
Имагинативниот син одлично се снајде и ја исполни желбата на мајка си, а фотографијата брзо стана вирална.
Наместо фотошоп, синот едноставно го ставил прстот за да го покрие она што мајката сакала да не биде шрикажано на фотографијата. Но затоа има се друго – среќна туристка, палми и морето…
Be the first to write a comment.