Приказна од Крагуевац изгледа како лош филм, но всушност е реална. Пред една година во Крагуевац се крена врева за швалерска афера, чии актери останаа анонимни поради дискреција во медиумите, но приказната за нив е како филм.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, епилогот на љубовниот триаголник во Крагуевац бил четири скршени заби, скршена рака, модринки, кривична пријава и развод.

Крагуевчани и денеска се сеќаваат на сите детали од необичната афера во населбата Пивара.

Медицинска сестра, со потекло од Босна, која се омажила во Крагуевац, можеме да кажеме дека е главниот лик на оваа приказна.

Таа го поканила својот љубовник да дојде во нејзиниот стан додека нејзиниот сопруг бил отсутен. А потоа дознала дека љубовникот ја „изневерува“ со друга жена. Не можела да го поднесе тоа, па го повикала вториот љубовник да дојде и да го претепа неверниот, како што народот вели – прв швалер!

– За негова среќа, не го слушнал телефонот, бидејќи бил во кафеана – рекол извор од полицијата кој работел на овој случај.

Тогаш жената му се јавила на сопругот и рекла дека во куќата има крадец! Кога дошол сопругот настанал хаос. Сопругот добил силен удар со тупаница во главата, поради што му било затворено окото и останал со огромна лузна.

Меѓутоа, сопругот тогаш се одмаздил и го претепал љубовникот на тој начин што во тепачката му избил четири заби, но си ја скршил и раката. Кога пристигнала полицијата, тие се уште се тепале. Сите биле приведени, а полицијата привремено им го одземала оружјето на сопругот и неговиот татко.

Бракот се распаднал, а очигледно следел долг и непријатен судски спор.