Наташа Беквалац изминативе месеци не знае „каде се наоѓа“ од многу работа. Важи за една од најпопуларните пејачки на Балканот, па во текот на неделата има четири-пет настапи низ регионот.

Како што е познато дека го обожава морето и не сака долго да се одвојува од своите миленички, Наташа ја користи секоја прилика да ги земе со себе ќерките. Особено кога станува збор за летните дестинации, каде што се труди да го спои убавото со корисното, па по настапот да може неколку дена да ужива во морските авантури со семејството.

Така беше и годинава, па неколку дена мина на црногорското приморје, каде во текот на ноќта имаше неколку поврзани настапи низ брегот, додека утринските часови и попладневните часови беа резервирани за уживање во морето и базенот.

Папараците ја фотографираа во вторникот на белградскиот аеродром, кога пристигна од Црна Гора. Наташа во придружба на ќерките носела големи куфери, облечена во сива широка кошула и панталони со големи очила за сонце, додека на лицето немала ни трошка шминка.

Следниот ден, Наташа се трансформираше во вистинска „вамп-риба“ на настап на познат сплав.

Таа се појави во црно проѕирно трико со пердуви и долга плетенка до подот, што ги остави без зборови сите присутни. Оваа креација ја истакна нејзината совршена фигура.

Таа ја забавуваше својата публика до раните утрински часови, а во наредните денови ја очекуваат големи подготовки за американската турнеја која започнува на почетокот на септември.