БУЕНОС АИРЕС – Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Хухуи во Аргентина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според EMSC, земјотресот бил на длабочина од 182 километри под површината на Земјата, пренесува Ројтерс.

Нема опасност од цунами за Хаваите по земјотресот во северозападна Аргентина, во вторник попладне. Земјотресот е регистриран околу 13:06 часот по локално време.

– Врз основа на сите достапни податоци не се очекува деструктивно цунами на целиот Пацифик и нема закана од цунами за Хаваи, соопшти Националната метеоролошка служба.

Геолошкиот институт на Соединетите држави (USGS), исто така, во својот првичен извештај забележа дека земјотресот бил со јачина од 6,7 степени.