Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе и основач на Мајкрософт, е позитивен на коронавирус и има благи симптоми, потврдуваат светските медиуми..

Ова го објави и самиот Гејтс преку својот Твитер, каде напиша дека ќе биде во изолација се’ додека не се чувствува добро.

– Позитивен сум на КОВИД. Имам благи симптоми и ги следам советите на експертите, така што се изолирам додека повторно не бидам здрав, напиша Гејтс и додаде:

– Имам среќа што примив вакцина и бустер доза и што имам пристап до тестови и одлична медицинска нега.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е највлијателната приватна фондација во светот, со средства од околу 65 милијарди долари.

Гејтс беше гласен поборник за мерките за контрола на пандемијата, особено за достапноста на вакцини и лекови за посиромашните земји.

Фондацијата Гејтс во октомври објави дека ќе обезбеди 120 милиони долари за подобрување на пристапот до производите на антивирусни лекови до земјите со пониски приходи.