Јована и Жељко Јоксимовиќ се скарале додека заедно гостувале во една емисија, пишува Блиц.рс. Сопружниците кога се заедно на исто место секогаш привлекуваат големо внимание, а така беше и овој пат.
Имено, Јована и Жељко Јоксимовиќ направија динамична атмосфера во емисијата, а во еден момент дојде до расправија, какви што немавме можност да видиме од брачниот пар пред камерите.
На Жељко му пречеше начинот на кој зборува неговата сопруга во емисијата, алудирајќи на тоа дека звучи „како да води утринска емисија“.
– Ајде, почни како да ја отвараш утринската програма – ѝ Жељко на Јована.
На ова таа одговори дека тоа што го кажува Жељко не е точно и дека не почнала да зборува како да отвора утринска емисија.
– Почна, бидејќи цело време зборуваш како што зборуваш во утринската програма – продолжи Жељко.
– Кога? Сега? Тоа не е точно – рече таа.
Харис Џиновиќ брзо се вклучи и застана на страната на Јована Јоксимовиќ, а ситуацијата во студиото набрзо се смири.
Be the first to write a comment.