Непозната жена влегла во продавница во Белград и наеднаш почнала да крши работи и да ги руши на подот.

На видео кое кружи на социјалните мрежи, таа може да се види како влегува во продавниците и соборува сè, очигледно бесна поради некоја причина.

Жените кои ја снимиле, наведуваат дека истото лице наводно им крадело низ продавницата. Во еден момент пришол маж, припадник на обезбедувањето кој се обидел да ја спречи …

Неколку пати ја предупредувале во обид да ја смират, но безуспешно. Разбеснетата жена во еден момент дури и фатила работничка за коса и ја влечела низ продавницата.

На крајот чуварот на објектот ја соборил жената на под, а додека не дошла полицијата дури тројца морале да ја задржат.