Во моментов на бугарско-македонската граница има 11 камиони кои носат оружје од Турција и одат кон Косово, пишуваат денеска српските медиуми.

– Државните органи на Република Србија добиле информација од увид на патните писма, неофицијално, дека на бугарско-македонската граница во моментов има 11 камиони кои одат кон Косово и Метохија, дознава српски „Курир“. Наводно, камионите носат најсовремено оружје од Турција во вредност од 27,5 милиони евра.

Нарачката наводно ја побарало Министерството за одбрана на Косово. Камионите се опремени со најсовремено оружје како минофрлачи и проектили.

Да потсетиме, Владата на Србија денеска поднесе барање за враќање на стотици до илјада српски безбедносни сили според резолуцијата 1244 на територијата на Косово и Метохија. Барањето е доставено до КФОР на административниот премин Мердаре.