Никола Б.(8), кој последен пат бил виден завчера на автобуската линија 45 во близина на поштата во Земун, синоќа бил пронајден.

Како што рекла тетката на момчето Афродита Фазија, момчето кое исчезнало го пронашол сосед.

-Детето останало само во автобусот, каде заспало. Возачот не го видел, ниту го слушнал кога детето се разбудило и почнало да вреска – изјавила неговата тетка за Блиц.

Како што дознаваме, Никола не бил сам, го придружувале и возрасни лица, но тие си заминале без да забележат дека тој не ги следи. Така детето останало само во автобусот.

Не се знае каде и како конечно го нашол соседот, но момчето сега е добро и со семејството во Земун Поље.

Да потсетиме, како што пренесуваат белградските медиуми, момчето било оставено во автобусот на линијата 45.