Руски воен авион падна врз станбена зграда во градот Јејск, во регионот на Краснодар, во близина на југоисточната граница со Украина. Глетката, како што јавуваат локалните медиуми, е застрашувачка и притоа избил голем пламен.

Падот на авионот го потврди и руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека станува збор борбен авион од типот Су-34, пришто пилотот успеал да се катапултира.

Според снимките што се споделуваат на социјалните мрежи, во пламен е и станбената зграда.