Фронтменот на бендот „Лексингтон“, Бојан Васковиќ ги изненади своите следбеници на Инстаграм со својата најнова објава.

Имено, Бојан важи за голем заводник, а неговиот изглед привлекува големо внимание кај жените, иако неговото срце и припаѓа само на сопругата. Сега експериментирал кога е во прашање имиџот, а се заиграл во апликацијата за разубавување и менување на изгледот и се пофалил со тоа.

Бојан додаде долга коса и брада, која е полусива. Многумина се прашуваа дали навистина толку драстично го променил својот изглед, па поединци не криеја колку се шокирани и коментарите продолжија.

„Бојан е природно убав, што е ова?“, „Изгледаш како старец“, „Изгледаш многу поубаво и помладо со кратка коса“, „Ме исплаши! Што ти се случи?“, беа само дел од коментарите под фотографиите, со кои крена голема прашина на споменатата мрежа.

Да потсетиме, Бојан Васковиќ и неговата сопруга го чекаат третото дете, а веста за новороденчето ја споделија со своите следбеници.

„Одиме пак“, напишала во описот, а следеле бројни честитки.