50 годишен маж заминал на одмор на Крит, а неговите постапки предизвикале вмешаност дури и на Интерпол.
Полицијата во Ираклион, во соработка со Интерпол, вчера попладне алармирала, откако била известена за можен обид за самоубиство од страна на 50-годишен маж. Станува збор за Полјак, жител на Германија, кој од 13 јули е на одмор во Херсонисос.
Вчера попладне тој се јавил на семејството и го известил дека има намера да се самоубие со апчиња. Потоа го исклучил мобилниот телефон и се изгубил секој контакт.
– Неговите роднини веднаш ги известиле властите и започнал маратон на полициски контакти во Германија, Грција и Интерпол. Конечно, истрагите имаа среќен крај, бидејќи 50-годишникот беше пронајден синоќа во 23:00 часот пред Универзитетската болница во Ираклион, јавуваат грчките медиуми утрово.
Според ekriti.gr, по усна наредба на Обвинителот, тој е пренесен на лекување Клиника за психијатрија.
Be the first to write a comment.