Концертот на групата „Тропико бенд“ е откажан поради тешка сообраќајна несреќа на патот Пожега – Ужице.
Двајца загинати а три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 13 часот kога комбето во кое се наоѓале членови на бендот кои разнесувале опрема за концертот удрило во камион.
Загинаа две лица кои биле во комбето, а засега се знае дека е повредено и уште едно лице кое било во тоа возило.
Александар П. и Владе М, работници на фирма за монтирање на сценска опрема, загинаа во сообраќајна несреќа кога нивното комбе директно удрило во камион кој доаѓал од спротивната насока, а три лица се тешко повреден.
Според засега непотврдени информации, со комбето во несреќата патувал музички бенд од Горњи Милановац.
-Вечерашниот настап во Чајетина е одложен поради сообраќајна несреќа што им се случи на членовите на продукцијата која беше задолжена за реализација на настанот. Искрено сочувство до семејствата на загинатите – пишува во објава на Фејсбук страницата „Ужице – огласна табла“, која ја сподели и Сале Тропико на својата страница на Инстаграм.
Be the first to write a comment.