Александар П. и Владе М, работници на фирма за монтирање на сценска опрема загинаа во сообраќајна несреќа што се случи во местото Расна кај Пожега, кога нивното комбе директно удрило во камион кој доаѓал од спротивната насока, а три лица се потешко повредени.
Според неофицијални информации, несреќата се случила околу 13 часот, а во несреќата се повредени уште двајца работници, како и возачот на камионот.
Отпрвин се мислеше дека се членови на бендот, поради опремата што беше во комбето.
– Во прашање се сепак работници на компанија која се занимава со поставување бини – објаснува изворот на Информер.рс.
Според него, комбето директно се судрило со камионот.
– Комбето во кое се наоѓале четворица мажи од Горњи Милановац се обидело да претекне друго возило што било пред него, преку полна линија, погрешно проценил и кога преминало на спротивната лента удрило директно во камионот. Александар и Владе починале на лице место – објаснува изворот и додава:
Три лица се тешко повредени и веднаш се пренесени во болница каде им била укажана лекарска помош. Пожарникарите морале да исечат лим од смачканото комбе за да стигнат до повредените и загинатите луѓе.
Според очевидци, сцената била крајно грозоморна по несреќата.
– Се се случи на околу 50 метри од нас. Имаше морничав удар и чкрипење на гуми. Делови од комбето и камионот летаа на сите страни. Полицијата и итната помош за две минути биле таму, но немало помош за двајцата мажи – објаснува очевидецот.
Поради трагедијата, откажан е концертот на Тропико бенд закажан за вечерва во Чајетина.
-Вечерашниот настап во Чајетина е одложен поради сообраќајна несреќа што им се случи на членовите на продукцијата која беше задолжена за реализација на настанот. Искрено сочувство до семејствата – се наведува во соопштението на порталот на огласна табла Ужице, кое го сподели и Сале Тропико.
Be the first to write a comment.