Тешка сообраќајна несреќа се случила во кањонот Тара на магистралниот пат Мојковац – Пљевља во Црна Гора. Во несреќата загинала Јелена Вуковиќ (27) од Мојковац, додека едно малолетно дете е извлечено живо од провалијата.
Полициската управа соопшти дека сообраќајната несреќа се случила во 16 часот и 59 минути, кога возилото слетало во реката Тара.
– Жената возач го загуби животот, по двете деца се трага, соопштија од полицијата.
Сопругот на загинатата и татко на децата изјави дека мајката патувала со сите три деца во автомобилот, па полицијата и итната помош трагаат по двете деца.
На местото на несреќата има роднини, пријатели, сопственици на рафтинг кои сакаат вечерва да почнат да ја бараат Тара со чамци.
Обвинителката Сања Голубовиќ по завршувањето на увидот изјави дека истрагата ќе покаже како дошло до несреќата.
– Возилото било управувано од жена, која починала. Во возилото имало три деца. Едно дете е извлечено од кањонот на реката Тара и пренесено во Општата болница Пљевља, додека потрагата по двете деца се уште трае, рече Голубовиќ.
Несреќата се случила во месноста Сплавиште, а во спасувачката акција биле вклучени и припадници на планинската спасувачка служба.
Поради сообраќајната несреќа, сообраќајот на таа делница беше во прекин неколку часа.
Be the first to write a comment.