Фолк пејачот од Нови Пазар, Енвер Мики Колашинац е убиен вчера во Холандија, а полицијата трага по напаѓачите. Непознат сторител со неколку истрели во раните утрински часови го убил Колашинац, во како што нагласуваат српските медиуми, „сачекуша“.
Истражните органи интензивно работат на откривање на сторителот. Засега не е познато дали се работи за едно или повеќе лица.
Според „Санџакданас“, Енвер има четири деца со жената од првиот брак, а од минатата година е во брак со воспитувачка од градинката „Младост“.
Колашинац живеел во Нови Пазар, а повремено престојувал и во Холандија и Австрија. Еден пријател и неговата сестра се простија од покојниот Енвер на социјалните мрежи.
– Брате мој, ја примив веста дека прерано нè напушти, дека те убиле проклетниците. Мојата душа е скршена. Ме остави, но засекогаш ќе бидеш во моето срце. Сега си на оној свет со нашиот татко – напишала Аиша, сестрата на убиениот.
– Брате мој, милост моја за твојата душа, те убија кукавички, сите ние му припаѓаме на Алах и му се враќаме. Ќе заплачат и нивната мајка и брат и сестра – напишал пријателот Насер, пренесува „Индексонлајн“.
Некогаш учествуваше на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, а за оваа медиумска куќа ја објави и песната „Долго, долго се баравме“, а особено тажни емоции сега буди текстот на оваа песна.
Be the first to write a comment.