Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш се соочува со сериозен проблем откако беше обвинет дека силувал девојка, а сега во негова одбрана застана сопругата Јоана Санц.

Сопругата на Алвеш вели дека некој сака намерно да извлече отштета и да го повреди бразилскиот фудбалер.

„Знам кој е мојот маж. Знам дека се однесува кон сите со почит. Дури и мене кога ме запозна, не покажа непочит. Многу пати гледав девојки како сакаат да го заведат пред мои очи“, вели Јоана.

Алвеш на 20 јануари беше приведен во Шпанија поради сексуално вознемирување и обвинувања за силување, по што му беше одреден притвор.