Македонскиот победник на Икс-Фактор и наш поранешен евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски на својот Инстаграм профил сподели дека се оженил со својата нова партнерка.

Со објава на Инстаграм Стори, Даниел Кајмакоски сподели дека стапил во брак со неговата сакана.

На фотографијата, пејачот позира со новата сопруга, а за пригодата избрал црн костум, во комбинација со кошула. Од фотката се гледа дека неговата нова сопруга носи сако и кошула.

Не е познато дали парот направил свадба, а засега пејачот нема споделено повеќе фотки или други информации.

Претходно пејачот беше во брак со Кристина Димитри, а не е познато колку точно време е заедно со сегашната сопруга. Тој ги сподели првите заеднички фотки со неа во септември минатата година.

Околу еден месец подоцна, тој сподели уште една објава, а во описот истакна:

„Ти си сè она што некогаш сум го барал“.

📸

📸