Камерата на камион го снимила моментот кога се случи страшната несреќа во Унгарија, кога се судрија 43 возила.

На видеото се гледа како автомобил претекнува на левата лента и покрај песочната бура која практично придонесе ништо да не може да се гледа на патот. Во еден момент еден автомобил застанува бидејќи на патот има колона возила која не се движи, но возачот зад него не ја гледа и со голема брзина влетува во автомобилот пред него.

Така се создаде тотален хаос на патот. Страшната несреќа се случи во саботата попладне на автопатот М1. Во несреќата учествуваа вкупно 43 возила, од кои 19 изгореа.

Во несреќата се повредени десет деца, од кои четири потешко и шест полесно, како и дваесет и девет возрасни лица, од кои десет се тешко повредени, а деветнаесет се полесно повредени.

Едно лице загина, соопшти локалната полиција.