Сестрата на исчезнатата Маријана Зајферт, која стана позната по учеството во регионалното шоу „Големиот брат“, Маја Ковачевиќ синоќа влезе во реалното шоу „Задруга“.
Ковачевиќ за време на интервјуто во студиото изјави дека наводно нејзиното семејство знае што се случило со Маријана и дека јавно ќе ја кажат целата вистина, пишува „Слободна Далмација“.
– Како семејство дадовме се од себе и дознавме 99,9 отсто од тоа. Кога ќе бидам подготвена да кажам, ќе го споделам со јавноста. Добив слика за тоа што се случи и некако се обидувам да ја прифатам. Дознавме што се’ било. Мојата болка е моја болка и ќе ја носам до крајот на животот. Имам шесто сетило, кога се случи тоа знаев дека веќе ја нема и сега се’ се докажа дека е така како што е. А луѓето не можат да очекуваат дека ќе се откажам. Тоа ја погодуваше и сестра ми, неа ја докрајчија лошите коментари, никогаш не се опорави од тоа. Но, јас сум поинаква, можете да фрлате дрвја и камења врз мене, нема да ме скршите или уништите – изјави Маја Ковачевиќ во студиото.
По овој повод се огласи и таткото на Маја.
– Навистина не знам за што зборува Маја? За која вистина? Разберете ме, ние воопшто не сме среќни што отишла таму и не сакам да навлегувам во нејзините причини зошто го кажа тоа… Можам да ви кажам дека истрагата за исчезнувањето на Маријана е се уште отворена и во тек. Со ова апелирам вие новинарите да не заборавите на мојата ќерка и одвреме-навреме да ја потсетувате јавноста за нејзиното исчезнување. Исто така, ги замолувам сите оние кои знаат нешто за тоа што навистина се случи вечерта кога Маријана исчезна да ѝ кажат на полицијата или да дојдат до мене преку вас новинарите – раскажува уништениот татко Иво за споменатиот портал.
Во разговорот накратко се вклучи и мајката на Маријана, Гордана, која го повтори апелот на нејзиниот сопруг, бидејќи веќе шест месеци живеат во агонија, не знаејќи што се случило со нивната ќерка.
Be the first to write a comment.