На 72 годишна возраст во Турција почина познатиот актер Исмаил Инџекара, најпознат по улогата на Недим Импликчи во турската хит серија „Долина на волците“ кој постигна голема популарност и во Македонија.

Веста за смртта на познатиот актер Исмаил Инџекара ја соопшти неговиот колега, актерот Зафер Алѓоз на Твитер:

– Почина мојот драг брат. Започнувањето на денот со вакви вести направи да се чувствуваме тажно. Примете го моето сочуство, напиша Алѓоз.

Инџекара е во 1950 година во Бурса. Во сезоната 2000-2001 ја освоил театарската награда Афифе во категоријата за најуспешен актер на годината во споредна улога.

Покрај глумењето во театар, тој се има појавено и со неколку улоги во турските серии, меѓу кои и во популарната „Долина на волците“ оја во Македонија првично се прикажуваше на поранешната А1 телевизија, потоа на Канал 5, а во последно време и на Алфа телевизија.