Природно е децата да бидат нервозни пред првиот училишен ден, а приближувањето до вратата може да биде доста застрашувачко и за мајките, барем во овој случај.
Сепак, новопечената мајка Лена Нерсесијан има повеќе причини од останатите жени да се плаши за нејзината ќерка да оди во градинка. Имено, како што пишува The Sun, 31-годишната инфлуенсерка вели дека другите жени ѝ даваат грд поглед штом ќе зачекори во градинката на нејзината ќерка.
Тврдејќи дека е премногу згодна за во градинка, Лена се пошегува:
„Мислам дека некои од овие мајки мислат дека веднаш ќе се соблечам и ќе почнам да имам секс со нивните сопрузи ако тие не го следат секој мој потег“.
Сепак, ѕвездата на социјалните мрежи вели дека е среќна со вереникот Адам Џон Гранмејсон и дека не и е грижа што мислат другите мајки за нејзините профили на социјалните мрежи и кариерата на OnlyFans.
„Јас не сум растурач на бракови, јас сум успешен блогер, претприемач и бизнисменка која сама изгради бренд од ништо. Мојот вереник е исто толку успешен и ние се почитуваме себеси и другите, без разлика што мислат некои луѓе, вели таа.
Иако нејзините објави на социјалните мрежи покажуваат дека нејзиниот живот е многу гламурозен, Лена вели дека е „неверојатно нормална“ мајка.
„Јас сум голема гурмнка и сакам да готвам за семејството и правам сè, од „печења“ до колачи. Времето за оброк е семејно време што го поминуваме заедно. Јас сум од ерменско потекло и семејството е неверојатно важно во таа култура. Тоа се моите најсреќни моменти“, заклучи таа.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.