„Патлиџан“ туризмот е вечна тема на Балканот, особено во летните месеци, а српската фитнес инфлуенсерка Сандра Чечариќ предизвика лавина реакции, главно позитивни, со својата нова објава од одморот.

Сандра Чечариќ, која инаку е позната по тоа што на своите профили на социјалните мрежи промовира здрав живот и ги мотивира своите следбеници кои сакаат да ослабат, објави видео од својот одмор каде јаде варено јајце на плажа.

Сепак, она што привлече посебно внимание е нејзиниот опис на видеото.

„Сандра му пркоси на патлиџан туризмот, донесе јајце на плажа“, е описот на краткото видео во кое јаде варено јајце на плажа.

Видеото на кое Сандра јаде варено јајце на плажа за кратко време стана вирално, а нејзините следбеници и порачуваат дека е оригинално, и дека им била голема помош на вечните критичари на социјалните мрежи.

Инаку, Сандра Чечариќ стана популарна на мрежите кога ослабе дури 54 килограми за 10 месеци, а единствен мотив и беше да биде здрава за да може да живее како што сака, а не да се крие надевајќи се дека никој нема да ја забележи.