– Од утрово ги гледам цените на нафтата луѓе, почна лудилото, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ зборувајќи за движењето на пазарот на капитал.
Тој ги коментираше цените на нафтата по одлуката на ОПЕК + за замрзнување на испораките на нафта.
– Претпоставувам затоа што Саудиска Арабија не можеше да се договори со Америка… Прашање е колку цел свет, вклучително и ние, ќе ја плати(ме) таа цена, рече Вучиќ за време на обиколката на реконструираниот пат Нови Пазар – Тутин.
Според него, во вакви времиња важно е да се најде решение со заеднички напори.
Цената на нафтата порасна за над 10 отсто
Одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК ПЛУС и нејзините сојузници од картелот меѓу кои и Русија енормно да го намали производството на нафта од ноември предизвика драстичен скок на цената на црното злато на светските берзи.
Само минатата недела енергенсот се тргуваше со цена повисоки и за над 10 отсто што пак е највисоко ниво во последните пет недели.
Една од клучните последици со последното намалување на производството најверојатно ќе биде враќањето на цената на нафтата на ниво од 100 долари за барел.
Поради високата инфлација, централните банки на западните земји изминатите месеци ги зголемија каматните стапки, а тоа пак ќе влијае на забавување на растот на економиите и зголемување на ризиците од рецесија.
Be the first to write a comment.