Пред само половина час избил пожар во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, објави порталот Фактор.мк.

Од фотографиите на Фактор може да се забележи дека за гаснење на пожарот дошле да интервенираат едно противпожарно возило, а на терен дојде и полиција, со полициско возило.

Може да се забележи и дека на кровот на една од бараките интервенираше едно службено лице.

– Нашите извори кои беа очевидсци на пожарот велат дека според нивните претпоставки не станувало збор за голем пожар, и тие се надеваат дека тој е веќе локализиран, објави Фактор.

Немало интервенции ниту кај граѓаните во околината на пожарот.

Во овој момент нема вработени во Јавното станбено претпријатие, па не се очекува дека внатре би имало некој кој евентуално би можел да биде повреден.

📸

📸

📸