Регионалната управа за шумарство во провинцијата Мугла соопшти дека пожарите, предизвикани од силните ветришта и температурите околу 40 Целзиусови степени, ги загрозуваат хотелите и населбите во малото приморско место Ичмелер, во близина на Мармарис.

Турската крајбрежна стража го обезбедила заливот и го сопрела водениот сообраќај во областа во која противпожарните авиони и хеликоптери собираат вода за да помогнат во гасењето на пожарот, се додава во соопштението.

На снимките може да се види чад како се крева во близина на брегот и се приближува до населбите.

📸

📸

📸

📸

📸