Хеликоптер на граничната полиција се урна денеска во кањон во северна Грузија, при што загинаа осум лица кои биле во него, соопшти министерот за внатрешни работи на земјата.
Хеликоптерот бил во спасувачка акција на двајца параглајдеристи, кога се срушил обидувајќи се да се приближи до стрмната област.
Под неразјаснети околности, хеликоптерот со четворица членови на екипажот и четворица спасувачи се спуштил и се урнал во клисурата во близина на ски-центарот Гундаури.
„За жал, осум лица загинаа“, рече грузискиот министер за внатрешни работи Вахтанг Гомелаури. Неколку моменти подоцна, премиерот Иракли Гарибашвили за утре (30 јули) прогласи ден на национална жалост поради смртоносната трагедија.
Новинските куќи го снимија моментот на несреќата и експлозијата што следеше. Ова е снимката која е емитувана од грузиските медиуми попладнево:
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.