Белград и Приштина постигнаа договор за избегнување на понатамошни ескалации во врска со пререгистрацијата на возилата.

– Имаме договор! Со големо задоволство можам да соопштам дека главните преговарачи на Косово и Србија, со посредство на ЕУ, договорија мерки за избегнување на понатамошна ескалација со цел целосно да се концентрираат на предлогот за нормализација на нивните односи, напиша високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жозеп Борел на Твитер.

– Србија ќе престане да издава регистарски таблички со имињата на градовите на Косово, а Косово ќе ги прекине понатамошните дејствија поврзани со пререгистрацијата на возилата – додаде Борел и истакна дека во наредните денови тој ќе ги покани двете страни на разговори за следните чекори.