Триесет и двегодишно момче од Краљево е донесено без знаци на живот во Службата на Итната медицинска помош на Општата болница во Чачак.

Според лекарите, како што објавуваат српските медиуми, му се слошило на бензинска пумпа на обиколницата околу Чачак, каде му била укажана прва помош.

– И покрај напорите на лекарите, младиот човек починал на пат кон болницата – изјави Јелена Кнежевиќ, портпарол на болницата во Чачани.