На автопатот Штип-Скопје, по Свети Николе, попладнево имало пукотници, дознава Фактор.

– Според нашите информации, додека полицијата вршела увид, сообраќајот бил затворен, по што се создала поголема редица од возила. На патот имало чаури од испуканите куршуми. Според очевидците, на местото на настанот пристигнале неколку полициски возила, објави порталот.

Се очекуваат детали од МВР.