Тело е пронајдено во водите на реката Вардар, во просторот паралелно со касарната „Еребина“ во Желино.
Полициски извори за ТВ21 велат дека најверојатно станува збор за трупот на 22-годишното момче од Куманово кое пред неколку дена излета со возило во водата, но се уште не можат официјално да потврдат без целосна идентификација.
„Пронајденото тело е машко. Се очекува по наредба на обвинител телото да биде извадено од вода и по идентификација заедно со членовите на семејството Обвинителот да одлучи дали ќе се изврши обдукција или не“, изјави за ТВ21 портпаролот на СПБ-Тетово Фатмир Реџепи.
Дваесет и двегодишен кумановец пред 5 дена паднал со автомобил „голф 4“ во реката Вардар, во тетовско Желино.
Кога автомобилот бил извлечен од водата, во него не бил пронајден никој.
Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.
Be the first to write a comment.