Кениецот Онезмус Киплагат победи на денешниот Скопски маратон со време од 2:18:19 часа, пред Македонецот Дарио Ивановски. Трет беше уште еден Македонец, Никола Илиевски.
Ова беше 18. издание на Скопскиот Маратон, а пријавени беа над 8.500 учесници од 47 земји.
Во женска конкуренција победи Кенијката Катерин Черотич со време од 2:38:48 часа. Второто и третото место го освоија Македонките Билјана Кираџиева и Тамара Попов.
Во полумаратон, победници се Жан Тошев со време од 1:11:56 часа и Адријана Поп Арсова со време од 1:16:12 часа.
На трката од 5 километри најдобар резултат оствари Одета Белегу која истрча за 20 минути и 7 секунди. Зад неа 14 секунди подоцна на целта пристигна Ирма Хјдари, додека трета беле Магдалена Станковска со резултат од 20 минути и 36 секунди.
Целосните резултати на трката од 5 километри МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.
Севкупните резултати од скопскиот маратон ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ТУКА.
Be the first to write a comment.