Демонстрантите ја пробија заштитната ограда на Собранието. Тие во еден момент започмаа со лименки, шишиња вода и други предмети да фрлаат кон зградата на Собранието.
Прекинат говорот на водителката и актерка Весна Петрушевска Бејби кога дел од граѓаните кои протестираат пред Собранието ја турнаа заштитната ограда и фрлаа разни предмети кон зградата на законодавниот дом.
Пред вратите на Собранието, има голем полициски кордон, што ги спречува присутните демонстранти. Се слушаат и експлозии од шок-бомби. Полицајците со штитници не дозволуваат да ескалираа состојбата.
Денешниот протест за разлика од претходните денови се одвива на повеќе локации. Од пред влада демонстрантите се упатија кон МНР каде што беа фрлени јајца, тоалетна хартија, шишиња и пиротехника.
Оттаму се упатија кон Собранието.
Be the first to write a comment.