Во неделата во 02:30 часот во загрепската населба Сесвете се случила тешка сообраќајна несреќа во која две возила се судриле, а потоа се запалиле. Еден човек го загуби животот, а шестмина македонски државјани се повредени, од кои тројца потешко, објави хрватскиот портал 24sata.hr.

Полицијата за несреќата: БМВ-то поминало на црвено, загинал возачот

Дваесетгодишно момче управувало БМВ со загрепски ознаки, кое се движело кон запад по Славонската авенија, а на раскрсницата при вртење на улицата „Свети Иван“ поминал на црвено светло на семафорот.

Од правец на Загреб, на зелено светло на семафорот на раскрсницата, шоќитувајќи ги сообраќајните правила и прописи влегло комбе „мерцедес“ со македонски национални ознаки, управувано од 25-годишен Македонец.

Возачот и двајца малолетници од Македонија се тешко повредени

При судирот двете возила излетале покрај коловозот, по што се запалило БМВ-то во кое загинал 20 годишниот возач, а пожарот се проширил и на комбето „Мерцедес“ во кое имало вкупно шест државјани на Македонија.

На патниците од Македонија им била укажана лекарска помош во Клиничкиот болнички центар Загреб и Клиничката болница Дубрава. Со тешки телесни повреди се здобиле 25-годишниот возач на комбето и двајца малолетници, а полесно се повредени 28-годишен, 25-годишен и малолетник, сите македонски државјани.

За да се изврши увид од 02:50 до 05:15 часот, сообраќајот беше затворен на Славонската авенија во правец кон исток во тој дел и се одвиваше преку населбата Ивања Река и околните населени места.

На местото на настанот излегол дежурниот заменик на општинското државно правобранителство кој извршил увид.