Граѓани од околината на Скопје често пати починатите ги погребуваат, а дури потоа бараат потврда од Брза помош за да добијат потврда за умрени…

Непријатен момент во Брзата Помош. Жители од скопско село пред две недели откако го погребале покојниот дошле во брзата помош и барале потврда за смрт од доктор за да извадат извод на умрени. Од брзата помош им било кажано дека не е можно таков документ, бидејќи тој се издава пред да биде починатиот погребан. Вакви случаи има и до десет годишно и сериозен проблем и за брзата помош и на управата на Здравствен Дом Скопје.

Според законот во таков случај мора да се изврши ексхумација или откопување на починатиот. Но од фамилиите и скоро никој не се сложува на овој чин, и во таков случај починатиот формално се уште се води како жив. Од брзата помош со апел. Кога лице ќе почине дома да се пријави во брза помош за да се потврди смртта и да се издаде потврда.

Од Брзата помош со апел до оџите и поповите во малите средини да не дозволат погреб без да видат медицинска документација и потврда за смрт.