На плажата Солине во Биоград на Moре во Хрватска денеска околу 13 часот и 40 минути се случи трагедија во која загина малолетник од внатрешноста на Хрватска.
Во извештајот за трагедијата и давењето на момчето, полицијата соопшти дека ќе се истражат сите околности на овој настан, а на плажата Биоград телото на момчето било забележано како лебди во морето во раните попладневни часови и дека и покрај обидите да му се помогне, за жал немало помош.
– Слушнавме дека е загинатото момче е од Огулин и дека бил на еднодневна екскурзија со својот клас. Во еден момент го виделе како лебди и набрзина го извлекле и се обиделе да му помогнат, а брзата помош пристигнала по половина час. Наводно, Брзата помош при пристигнување доживеала сообраќајна несреќа. Се обидоа да го реанимираат и во еден момент, како што слушнав, мислеа дека успеале, но за жал момчето почина, изјави еден од жителите на Биоград, со кој Вечерњи.хр разговарале на местото на трагедијата.
Хрватските медиуми објавуваат дека ќе биде извршена обдукција, а од полицијата соопштија дека за трагедијата го известиле семејството на малолетникот.
– Бевме многу шокирани и целата трагедија ги погоди сите овде. Не можеме воопшто да се вразумиме како дошло до ова – изјави еден од очевидците на несреќата, додавајќи дека слушнал дека на несреќното момче неуспешно се обидувале да му помогнат колегите од училиштето.
Be the first to write a comment.