На социјалните мрежи денеска се појави ни малку пријатно видео за оние кои се плашат од змии.

Огромна змија од речиси 2 метри е снимена денеска во белградската населба Вишњица, во нечиј двор. Како што е наведено, станува збор за змија Белоушка, која не е отровна, но луѓето се згрозуваат од нејзиниот изглед и големина.

Иако е безопасна, луѓето останале зачудени што ваква змија се појавила во нечиј двор.

Белоушката е една од најраспространетите змии во Европа, исто така може да се сретне и во западна Азија и северна Африка. Живее во мирни и слатки барски води, а поретко може да се види и во човечки населби. Се брани од луѓето така што се свиткува во куп. Максималната должина може да изнесува од 2-3 метри, но најчесто растат од 1-1,5 метри.

Погледнете го видеото: