На социјалните мрежи во Србија, организацијата на потрошувачи „Ефектива“ објави видео од нова „либанска замка“ со која на банкомат е измамена средовечна жена.
Очигледно добро координирана екипа од мажи ја опкружила од речиси сите страни додека го користела банкоматот – едниот наводно го користел другиот банкомат, додека другите двајца биле зад и покрај неа.
Во еден момент еден од нив фрли пари зад неа, и најверојатно и рекол дека и паднале парите. Додека едниот и одвлекувал внимание, другиот со апаратот ги вчитал потребните податоци, а потоа сите заедно заминале.
Бидејќи банкоматите имаат видео надзор, сите тројца носеа хируршки маски на лицето.
Уредот за т.н „Либанската стапица“ изгледа како парче пластика што е прикачено на отворот за картичка. Тие се користат за читање податоци и злоупотреби, а денешните банкомати се претежно заштитени од овие видови на измами.
Не е познато дали жената на видеото е ограбена, но се советува секоја сомнителна трансакција да се следи и пријави.
Libanska klopka na bankomatu! Oprez! pic.twitter.com/LNVVxwdcLX
— Udruženje potrošača EFEKTIVA (@UBKEFEKTIVA) December 15, 2022
Be the first to write a comment.