Хрватски пожарникари од Осиек објавија фотографии од несекојдневна сообраќајна несреќа што се случила вчера во Вишњевац кај Осиек.

Возачот на автомобилот изгубил контрола над возилото и истиот излетал од патот на тревна површина. Потоа влетал во гаражата на семејната куќа, каде ја скршил вратата од гаражата и завршил со автомобилот на покривот.

Неофицијално, во сообраќајната несреќа нема потешко повредени.

📸

📸