Мало девојче на само две ипол годишна возраст итно било пренесено во болницата во Пиргос во западна Грција поради голтање опасна хемиска супстанца.
Според првите информации, детето побегнало од вниманието на родителите и голтнало терпентин.
Девојчето кое многу брзо го проголтало терпентинот почнало да покажува симптоми на труење, а нејзиното семејство сфатило што се случило.
Веднаш повикале Брза помош, со која детето итно било пренесено во болницата во Пиргос.
Малото девојче, според првите информации е хоспитализирано, но за среќа е надвор од животна опасност.
Be the first to write a comment.