Вечерва се забележани интензивни врнежи од снег на планинскиот превој Стража.

До крајот на денот и во текот на ноќта ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Во скопската Котлина кон крајот на денот и во текот на ноќта облачно со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб ветер од северен правец.