Во тешка сообраќајна несреќа во Италија вчера загинаа тројца Македонци и еден млад Италијанец, пренесуваат италијанските медиуми.

Денеска во раните утрински часови започна разјаснувањето за драматичната несреќа која ги чинеше живот четирите лица, млад Италијанец и тројца Макеоднци, пишуваат медиумите.

Македонците, според досегашните информации имале околу 30 години.

Динамиката на страотниот судар се уште ја испитува сообраќајната полиција во регионот Асти, со сигурност знаеме само дека се работи за фронтален судир. Што за жал никој не преживеа.