Изминатава недела јавноста ја разбранува веста за смртта на младата инфлуенсерка Маја Миа Јаневска која има над милион следбеници на социјалните мрежи. Имено убавата девојка која долги години живеела во Африка беше пронајдена со прострелна рана во главата.

Само неколку денови пред својата смрт, Маја беше во Македонија и својот роден град Охрид. Денеска за нејзината смрт се огласи популарниот пејач Владо Јаневски кој објави низа нивни заеднички фотографии, како и видео на кое Маја го пее неговиот хит „Црно тиквешко“ и само кратко напиша:

„Кој не ја познавал тој не знае како е кога убавината е однадвор и одвнатре“.