Таа беше една од најпочитуваните пејачки на народна музика во поранешна Југославија. Дама со исклучителен вокал, важеше за голем уметник и интерпретаторка која не ја поврзуваа со никакви скандали. Сепак, бројните животни драми ја чинеа здравје и прерано замина од овој свет.

Вера Ивковиќ почина на 10-ти март 2012 година во Дом за стари лица во Рума. Се разболе шест години порано, откако почина ќерка ѝ Маја на само 27 години. Рано остана и вдовица, откако во 2002 година почина нејзиниот сопруг Данило.

Оние кои ја познавале велат дека не можела да ја преболи загубата на ќерката Маја, која од неизлечлива болест умрела на 27 години. Смртта на сопругот била само капка во преполна чаша. Набрзо и самата се разболела. Вера во 2006 година доживеала мозочен удар, за да во 2007 биде сместена во герентолошкиот центар “Срем“ во Рума.

– За моето семејство тоа е тажен период. Маја боледуваше од лупус. За нејзе не бев толку врзан, поради болеста не ја гледав често. Повеќе бев врзан за баба ми и дедо ми, по кого го добив и името. Прво тој почина потоа и Маја. Нејзината смрт сите тешко не погоди, но на баба ми и беше најтешко. Поради тоа се разболе, а по неколку години и таа почина. Имаше два мозочни удари, па ја сместивме во Центар за стари лица во Рума – рекол порано Данило Живковиќ, внук на Вера Ивковиќ, кој тргнал по нејзините стапки и учествувал една сезона во “Пинкови ѕвездички“.

Влада Живковиќ во 2008 рекол дека неговата мајка многу се измачила.

– Тешко се бореше со болеста на мојата сестра Маја. Маја рано се разболе, во 15 година, болеста била неизлечлива и почина на 27 години. Мајка ми и татко ми се направија да и помогнат. Помош бараа насекаде. За жал и немаше спас. Смртта на Маја ја покоси мајка ми, а набрзо и татко ми – рекол синот на Вера, кој за својата мајка најмногу се грижел откога се разболела.