Претставниците на бугарското ВМРО, предводени од Ангел Џамбаски, се собраа на протест пред куќата на Бојко Борисов во Банкаја, според снимките споделени на Фејсбук.
Повод за демонстрациите е денешната одлука на партијата ГЕРБ да го поддржи францускиот предлог за укинување на ветото на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Тие развиорија плакати со повик „Не ја изневерувајте Македонија“.
Одеднаш, на демонстрантите им се придружија активисти и пратеници на ГЕРБ, кои се расправаа со претставници на ВМРО, а дојде и до тепачка.
На почетокот се расправаа членовите на ГЕРБ и ВМРО, но на крајот Георгиев и Џамбаски се ракуваа.
Be the first to write a comment.