Денес и утре ќе се задржи топло време, но во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.

И во Скопската Котлина ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.