Едно лице загина зад воланот на автомобил кој удри во столб на Бранденбуршката порта во Берлин, соопшти полицијата, пренесе Скај њуз.

Според полицискиот извештај, автомобилот удрил во еден од најпознатите симболи на Берлин во неделата околу 23:30 часот. Не беа дадени други детали.

Според медиумите, тој е полски државјанин. Пожарникарите излегле на местото на несреќата и зад воланот на возилото пронашле безживотно тело, изјавил портпаролот на берлинската полиција која го обезбедувала подрачјето.

Во автомобилот немало други лица, освен лицето кое го управувало возилото. Бранденбуршката порта била изградена во периодот од 1789 до 1791 година.